Поврзете се со нас

Шпанија

Магичен допир: Садик со мајсторија со пета ја спаси Валенсија од пораз на „Ел Садар“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Валенсија на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски води грчевита борба за опстанок во шпанската Примера и секој бод/бодови се повеќе од потребни особено надвор од „Месталја“ каде „лилјаците“ се очајни.

И по 13 натпревари Валенсија останува единствениот тим што не знае за гостински триумф во шампионатот, но тоа што е позитивно за нив е дека останаа непоразени на „Ел Садар“ против Осасуна.

Во луд меч со шест погодоци на крајот резултатот беше 3-3, а последниот гол во 87 минута беше вистинска магија на напаѓачот Умар Садик.

Некогашниот фудбалер на Партизан изведе мајсторија, магичен удар со пет и ја смести топката во мрежата на Ерера за голема радост и супер значаен бод.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни