Поврзете се со нас

Франција

Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Пари Сен Жермен оствари убедлив триумф над Монако од 4-1 во дерби натпреварот од 21. рунда во француската Лига 1.

„Светците“ го надиграа тимот кој е на третата позиција на табелата, противник кој го добија и во првото сезонско соочување, а потоа и во Супер Купот.

Витиња во 6 минута ги донесе домаќините во почетно водство, водство кое траеше до 17 кога Закарија израмни на 1-1. Нови промени на резултатот немаше до крајот на првиот дел, а по паузата актуелниот првак го имаше главниот збор.

Зимското засилување Кварацхелија постигна магичен дебитански погодок во 54 минута за 2-1 за фаворитот. Три минути подоцна реализираше и Дембеле по што стана јасно дека ПСЖ е на добар пат да ги освои трите бода. Во 90 минута Дембеле на асистенција на Мендеш погоди уште еднаш за заокружување на шоуто на „Паркот на принцовите“.

Четата на Енрике со 53 бода е на врвот на табелата со плус 13 во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни