Поврзете се со нас

Свет

Магдевски со „трипл-дабл“ учинок издоминира во Романија

Објавено

на

Андреј Магдевски реши да испроба ново интернационално искуство откако изминатово лето се пресели во Плоешти, а денеска беше убедливо најдобар играч на теренот во натпреварот кој се одигра во романското првенство.

Македонскиот репрезентативец го водеше својот тим до втора победа во новата натпреварувачка сезона, откако беше несоприлив на теренот во триумфот на Рапид Букурешт од 85:61.

Магдевски денеска стана еден од ретките македонски играчи кои оствариле трипл-дабл учинок на интернационална сцена, бидејќи мечот го заврши со 13 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

Андреј одигра 30 минути на паркетот и имаше најдобра оценка на теренот според сите кошаркарски параметри, што сигурно ќе биде дополнителен потстрек за нови одлични партии во иднина.

Само за потсетување, Магдевски беше најзаслужен за освоената титула на МЗТ Скопје минатата сезона, во која беше избран и за МВП во финалната серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни