Поврзете се со нас

Репрезентација

Магдевски: Ситуацијата е необична за сите, да го искористиме тоа што сме потценети од Италија и Естонија

Објавено

на

Македонските кошаркари утре ќе го имаат првиот предизвик во таканаречениот „балон“ турнир во Талин, каде нашите најдобри репрезентативци ќе се соочат со Италија во првата од двете предвидени пресметки во естонската престолнина.

Андреј Магдевски кој сега е еден од поискусниот играчи во националниот тим се очекува да има голема минутажа на двата натпревари против Италија и Естонија, а тој смета дека потценетоста и улогата на аутсајдери може да им донесе само корист во моментот кога ќе излезат да се натпреваруваат на паркетот.

– Прв пат се соочуваме со ваква ситуација, сигурно не е лесно. Но како за сите, така и за нас. Во Естонија дојдовме во доста изменет состав во однос на претходниот ФИБА прозорец, но нема да се откажеме.

– Сигурно ќе бидеме потценети од страна на другите репрезентации, и тоа мора да го искористиме на најдобар начин. Имаме кратко време во Естонија да се запознаеме со Вајли. Но убеден сум дека ќе ни помогне. Долго време е во Европа и игра на највисоко ниво, додека за Војдан нема што да се каже. Сите го знаеме неговиот карактер и посветеноста кон репрезентацијата, – изјави Магдевски, а потоа се осврна на утрешниот дуел со Италијанците кој е закажан за 15:00 часот.

– Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но исто така станува збор за екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат, – потенцира Андреј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни