Поврзете се со нас

Репрезентација

Магдевски: Нема овде да застанеме, имаме добри шанси повторно да играме на ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација успеа да се пласира во главните квалификации за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Нашиот национален тим оствари пет победи на шесте натпревари во претквалификациите, односно со ова со обезбеди можност преку нов циклус да се избори за настап на големо натпреварување како што е Евробаскетот.

-Се надевам дека ова е само почеток и дека ни следат повеќе успеси во иднина. На сите им посакувам успешен втор дел од сезоната. Можам да кажам дека бевме најдобри на најважниот натпревар во овој циклус. Во Осло покажавме каратер и заслужено победивме. Имавме повеќе енергија од противникот, не дозволивме нивниот главен креатор да ја разигра екипата и со една тимска игра во нападот стигнавме до посакуваните квалификации, -вели плејмејкерот Андреј Магдевски кој додава:

-Нема да застанеме овде. Она што е најважно е сите да останеме здрави, и на лето, во најдобар состав, да продолжиме да победуваме. Извесно е дека прво нè чекаат претквалфикации за Олимпијадата во Париз, што дефинитивно ќе биде ново искуство за сите нас во тимот, а потоа доаѓаат и европските квалификации. Имаме добри шанси за уште еднаш да играме на еден Евробаскет. Ни останува подготвени да го дочекаме следните предизвици, -порача членот на Донар од Гронинген

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни