Поврзете се со нас

Свет

Магдевски најдобар асистент, Плоешти влезе во победничка серија

Објавено

на

ЧСМ Плоешти на Андреј Магдевски влезе во победнички ритам во Романија, а последниот тим кого го надиграа е Крајова која ја совладаа на нејзин терен со 90-83.

Гостите губеа со 13 разлика по првите 20 минути (53-40), меѓутоа во второто полувреме комплетно ја свртеа ситуацијата во своја полза, одиграа фантастично во нападот притоа постигнувајќи 50 кошеви што беше повеќе од доволно за пресврт и единасетти сезонски триумф.

Ова за Плоешти беше трето славје во низа во кое Хамонд беше најефикасен со 19 кошеви. Нашиот репрезентативец Магдевски беше прв асистент на натпреварот (8), плус уфрли 9 поени, 7 скока, 2 украдени и 5 загубени топки.

Во наредната рунда Андреј и соиграчите ќе ја пречекаа Орадеа, состав кој е на четвртото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни