Поврзете се со нас

Свет

Магдевски избран за најдобар играч во Романија (Фото)

Објавено

на

Андреј Магдевски вчера говодеше својот тим до победа против Рапид Букурешт, а ова попладне беше избран за најдобар и најкорисен играч во редовното коло во романската кошаркарска лига.

Македонскиот репрезентативец е прогласен за МВП на колото во романската кошаркарска елита, сето тоа како последица на брилијантното издание кое го имаше во текот на вчерашниот ден.

Плоешти го победи Рапид Букурешт со 85:61 и оствари убедлив триумф на домашен терен, а со вкупен идекс 30 за остварениот трипл-дабл учинок, Магдевски денеска беше награден со признанието најдобар во колото.

За 30 минути минати на паркетот, Магдевски стигна до својот прв трипл-дабл во интернационалната кариера, бидејќи покрај 13-те поени и 13-те асистенции, мечот го заврши и со 10 скока зад своето име.

По две одиграни кола во Романија, Плоешти има две победи и максимален учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни