Поврзете се со нас

Свет

Магдевски и Плоешти продолжија да редат победи во Романија

Објавено

на

Андреј Магдевски и неговиот Плоешти продолжија со одличната серија на резултати на почетокот на сезоната во првата лига на Романија, па така попладнево го прокнижија третиот триумф со што го задржаа 100 процентниот учинок.

Составот на Плоешти овојпат како гостин беше подобар од Мијеркуреја Чук со 89-63. Андреј и соиграчите беа подобри во три од четирите четвртини со тоа што најдоминатни беа во третиот период кој го реализираа со 32-17.

Македонскиот репрезентативец беше автор на 8 поени со 4 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки, најефикасен беше Милин со 20 кошеви.

Во следноата рунда Плоешти е домаќин на Питешти, тим за кој своевремено настапуваше Александар Костоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни