Поврзете се со нас

Македонија

Магдевски го откажа Еуро Никел, МЗТ ја зголеми предноста во финалето

Објавено

на

МЗТ Скопје одигра подобар финиш во дуелот со Еуро Никел и стигна и до втората победа (91:95) во финалната серија од македонскиот кошаркарски плејоф.

Еуро Никел го отвори подобро мечот и по првиот период имаше предност од 30:22, но МЗТ возврати на идентичен начин во продолжение, при што на паузата резултатот гласеше 47:45 и беше најава за неизвесно второ полувреме во Гевгелија.

Третиот период донесе променлива игра на двете страни и идентичен број поени, со што стана јасно дека играта во последните десет минути ќе биде одлучувачка за победникот.

Нерешено беше на 4:19 минути до крајот, но МЗТ како да имаше повеќе нерви во завршницата, а најрасположен беше Андреј Магдевски. Тој во завршните три минути постигна девет поени во серија и на тој начин го откажа Еуро Никел од евентуално израмнување во серијата.

Крстевски со 22 и Магдевски со 20 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека кај Еуро Никел најрасположен беше Рикиќ, кој го заврши натпреварот со 33 поени.

Следниот натпревар се игра во Скопје, а победа на МЗТ ќе значи шампионска титула за „аеродромци“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни