Балкан
Магдевски блескаше против најдобрата екипа во Романија

Македонскиот плејмејкер, Андреј Магдевски игра на високо ниво во дресот на Плоешти, а својата одлична форма ја потврди и на пресметката со најдобриот тим во Романија, составот на Клуж.
Клуж во актуелнава сезона е во осумте најдобри во ЛШ на ФИБА што јасно покажува за каков квалитетен тим се работи, но мораше добро да се испоти за да дојде до посауваниот резултат на гостувањето кај Андреј и компанија.
Фаворитот избори триумф од 97-92 и тоа откако завршните десет минути ги доби со 28-21. Магдевски беше најдобар поединец кај Плоешти и за 35 минути уфрли 19 поени со само две промашувања (3/3 за еден, 5/7 за два, 2/2 за три). Тој воедно собра три скока, запиша шест асистенции, две украдени топки и две блокади.
Поефикасен од негов беше само гостинскиот играч Стујарт со 23 кошеви.
Ова за Плоешти беше петти пораз во низа и во моментов со 41 бод е на 9. место на табелата.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика