Магдебург потврди дека Кузмановски побарал раскин на договорот, репрезентативецот претставен во новиот клуб

Kuzmanovski-pet

Од германскиот Магдебург и официјално потврдија дека Филип Кузмановски ќе добие раскин на договорот по крајот на оваа сезона.

Како што јавуваат од Магдебург, Кузмановски сам побарал да му биде раскинат договорот иако имаше важечки договор со бундеслигашот до 2023 година.

– Филип Кузмановски побара да се раскине неговиот договор. Ние ќе ги исполниме желбите на играчот и нема да му стоиме на патот на неговото професионално надоградување. Во неговата прва сезона во Бундеслигата видовме ветувачки квалитети и би сакале да продолжиме со него, -стоеше во соопштението на Магдебург.

По оваа објава стигна и потврда од Хановер дека нашиот репрезентативец потпишал договор со нивниот клуб.

– Хановер може да го презентира и второто засилување за сезоната 2020/21. По данскиот интернационалец Јохан Хансен, македонскиот интернационалец Филип Кузмановски се сели кај нас на лето. Бекот кој се уште е под договор со Магдебург ќе добие договор до 30 јуни, 2023 година, -стоеше во соопштението на Хановер.

Facebook Коментари