Лига на шампиони
Магдебург подобар во натпревар во кој не се играше одбрана, Митревски и Порто ќе почекаат за прва победа

Порто ќе мора да почека најмалку уште едно коло за првата победа во сезоната во Лигата на шампионите, бидејќи тимот за кој настапува Никола Митревски продолжи да реди порази во елитното друштво.
Магдебург покажа сила уште од самиот старт и му го нанесе седмиот пораз на Порто во исто толку натпревари, што прави португалкиот првак да биде убедливо најлош тим во Лигата на шампионите гледајќи ги резултатите во двете групи.
Во еден натпревар во кој речиси и да не постоеше одбрана, Магдебург успеа да победи со 41:36 и изби на третото место во групата А, во која сега има биланс од четири победи, два порази и едно реми.
Порто ќе има шанса за реванш против Магдебург точно за седум дена на домашен терен, кога ќе има нова шанса за прва победа во сезоната во кој Португалците изгледаат непрепознатливо.
Македонскиот голман Митревски денеска собра пет интервенции, но ниту тој, ниту цела одбрана на Порто немаа решение за расположените Магнусон и Муше кои постигнаа по 10 голови.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем