Поврзете се со нас

Германија

Магат за фијаското кое го режираше великанот од Минхен: Можеби изгледаше смешно, но Баерн му наштети на германскиот фудбал

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Феликс Магат е поранешен тренер на Баерн Минхен кој освои две двојни круни како предводник на баварците, а како познат и почитуван стручњак во Германија, 70-годишниот фудбалски работник сега испрати „отровна стрела“ до водечките луѓе на клубот.

Директорите на Баерн Минхен режираа вистинско фијаско во изминатите три месеци во потрагата за наследник на Томас Тухел, па откако беа одбиени од шест или седум тренери, на крајот го назначија Венсан Компани како нов лидер на проектот.

Белгиецот беше промовиран како нов тренер минатата седмица, па иако Магат стисла палци за поранешниот капитен на Манчестер Сити, не го крие разочарувањето од начинот на кој се изменаџира цела ситуација.

Баерн беше категорично одбиен од првите кандидати Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, на негативен одговор наиде и од Де Ѕерби, Роџер Шмид и Оливер Гласнер, па на крајот се сврте кон Компани откако препорака за такво нешто доби и од Пеп Гвардиола.

– На почетокот изгледаше смешно и тоа предизвика насмевки на лицата, но потоа веќе не беше за смеење. Тоа што го направи Баерн му наштети на германскиот фудбал. Навистина не беше убаво како беше прикажана цела ситуација во јавноста. Навистина сите сме среќни што тоа поглавје е завршено, му стискаме палци на новиот тренер.

– Многу сум среќен што Баерн ангажираше многу добар играч од минатото. Верувам дека на Бундеслигата и се потребни квалитетни поранешни играчи, кои можат своето искуство да го пренесат врз помладите. Така беше и со Чаби Алонсо во Леверкузен, – потенцира Магат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни