Поврзете се со нас

Германија

Магат: Тухел не смее да „скока“ на секоја критика

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел не бил задоволен од начинот на кој легендарните Лотар Матеус и Дитмар Хаман коментираа за неговата работа и играта на Баерн Минхен по шокантниот пораз од Сарбрикен во Купот, па реши да им се „одмазди“ на стручните коментатори со многу иронични изјави по големата победа над Борусија во првенството.

Тренерот на Баерн сега може да биде порелаксиран бидејќи неговиот тим го победи и Галатасарај, но доби замерки од Феликс Магат, уште едно големо име на германскиот фудбал, а и поранешен тренер на Баварците.

– Тоа што го прави Тухел не е најмудро.

– Изненаден сум што беше толку испровоциран од критиките. Кога Баерн доживува елиминација од третолигаш, нормално е да пристигнат критики. Не можам да разберам зошто мора да „скока“ на секој коментар за неговиот тим.

– И јас се согласувам со Хаман дека Тухел го има структуирано Баерн на таков начин што може да игра уверливо и препознатливо. Екипата долго е во транзиција, а Тухел со своите потези непотребно си става товар на својот грб, – рекол Магат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни