Шпанија
Мафео ја нападна дволичната ѕвезда на Реал Мадрид: Повеќе ме нервира и од Винисиус!

Пабло Мафео се издвои како најголем фудбалски непријател на Винисиус Жуниор во изминатите неколку години, а последната тензична епизода ја имаа во Саудиска Арабија каде Реал и Мајорка се сретнаа во полуфиналето.
Десниот бек на Мајорка имаше голем број дуели со Бразилецот и повторно паднаа безброј провокации, но во целата невкусна епизода се вклучи и Џуд Белингам.
Англичанецот му удри заушка на Мафео во моментите кога Реал го постигна последниот гол на натпреварот, па сето ова направило Пабло да има далеку полоши мислење за Џуд, отколку за Вини.
– Белингам е лицемерен и дволичен, тој е како многумина луѓе од секојдневниот живот. Ги прави работите зад грб. Во ред е да не ме сака, но нека дојде лице в лице.
– Се прави господин и џентлмен такашто ја дава својата тренерка на мало дете, а потоа оди и зад грб навредува и удира свои колеги. Тоа го прави лажен и лицемерен. И тој не ми се допаѓа мене, но јас тоа му го кажувам во лице. Он се прави добар, а всушност прави лоши работи зад грб. Кого бирам од двајцата? Винисиус, тој е барем како мене, кажува се во лице, – вели Мафео.
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!