Поврзете се со нас

Италија

Маестро Жиру уште еднаш испорача препознатлив специјалитет, Милан осигура ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан оваа сезона направи голем подвиг и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, натпреварување од кое ќе биде дел и наредната натпреварувачка сезона.

Ова стана јасно по денешниот епилог на дербито во Торино, кое заврши во корист на гостите од Милано, кои со овој триумф и математички го осигураат топ четири пласманот на коло пред крајот.

Јувентус доживеа многу удари оваа сезона на различни полиња, а на крајот тоа резултира со лоша завршница и многу отворени прашања за тоа во кој правец ќе продолжи тимот.

Милан вечерва славеше на „Алијанц стадионот“ благодарение на мајсторскиот гол со глава кој го постигна Оливие Жиру, кој се покажа како доволен да се направи клучна разлика на теренот.

Со 67 освоени бода, Милан е сигурен на четвртата позиција и се пласираше во фудбалската елита во Европа, додека Јувентус останува седми на табелата зад Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни