Маестро Перо во акција: Антиќ со лажен трик посрамоти двајца играчи на Валенсија (Видео)

CRVENA ZVEZDA vs ANADOLU EFES

Црвена Звезда оствари историска победа против Валенсија бидејќи кошаркарите на Алимпијевиќ поставија клупски рекорд кога се во прашање постигнатите поени на еден натпревар во Евролигата, а дел од истиот беше и нашиот Перо Антиќ кој одигра значајна улога во одбраната, а имаше и еден фантастичен блесок во нападот.

Перо стави точка на третата четвртфина со еден брилијантен потег и со своите први поени на натпреварот, откако претходно со еден лажен трик „измести“ двајца играчи на Валенсија пред да ги намести нишанските справи и да погоди маестрална тројка.

Антиќ не го криеше воодушевувањето од потегот кој ја запали салата во Белград, а тоа на крајот се покажа како иницијална каписла за уверливата победа од 106:90 на Црвена Звезда.

Facebook Коментари