НБА
Маестро Никола во акција: Јокиќ со брутална партија и страшно додавање за победа ги замолкна Клиперси (Видео)

Денвер оствари драматична и тесна победа над Лос Анџелес Клиперс по одиграно продлжение, а во главна улога повторно беше сензационалниот Никола Јокиќ кој игра во МВП форма и оваа сезона.
Фантастичниот Србин понуди страшна партија против Клиперси и покрај тоа што најчесто беше удвојуван од противниците, но ниту тоа не го спречи да постигне 49 поени, но и да комплетира трипл-дабл со последниот извонреден потег на мечот.
Јокиќ режираше страшно додавање за победа при резултат 127:127 и со тоа стигна до трипл-дабл учинок од 49 поени, 14 скокови и точно 10 асистенции, што беше и клучно за Денвер да оствари победа од 130:128 над силниот противник.
Големото воодушевување од партијата на Јокиќ не го криеше тренерот Мелоун, кој едноставно не гледа конкуренција за Србинот во НБА лигата во овој момент.
– Ако Никола Јокиќ не е МВП, не знам кој треба да е? Не знам дали сте свесни, но тој добива неверојатно внимание од противниците. Постојано го удвојуваат, овојпат околу него имаше и по тројца играчи, но тој и во таква ситуација постигна 49 поени, – изјави Мелоун.
AARON GORDON GIVES THE @nuggets THE WIN 🔥
Nikola Jokic picks up the triple-double on the cross-court pass to give Denver the OT win! pic.twitter.com/AHJIMHKWbc
— NBA (@NBA) January 20, 2022
JOKIC CROSS-COURT TO GORDON YOU KIDDING ME pic.twitter.com/uZLKiZF79k
— Rob Perez (@WorldWideWob) January 20, 2022
НБА резултати:
Филаделфија – Орландо 123:110
Вашингтон – Бруклин 118:119
Атланта – Минесота 134:122
Бостон – Шарлот 102:111
Мајами – Портланд 104:92
Чикаго – Кливленд 117:104
Милвоки – Мемфис 126:114
Далас – Торонто 102:98
Сан Антонио – Оклахома 118:96
Јута – Хјустон 111:116
Денвер – ЛА Клиперс 130:128
Сакраменто – Детроит 131:133
ЛА Лејкерс – Индијана 104:111
-
Шпанијапред 21 час
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 21 час
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 19 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 20 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 17 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 13 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 20 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 9 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја