Шпанија
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/modric-mbape.jpg)
Реал Мадрид успеа да профитира од ремито на Барселона и со три освоени бода го заврши работниот ден во Примера, триумфирајќи на гостувањето кај екипата на Џирона.
„Кралевите“ постигнаа три гола во мрежата на каталонскиот тим и со важна победа се враќаат дома, а натпреварот беше заокружен со фудбалски деликатес кој го креираше Лука Модриќ.
Хрватот заигра на највисоко ниво во вториот дел и беше играч со најточни пасови на натпреварот, но оној клучниот за гол го испрати до Килијан Мбапе.
Модриќ уште еднаш ја покажа на дело својата брилијантна тривела техника, но пред да го направи тоа, покажа чувство и му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот.
Откако го направи тоа, Лука со тривела му даде топка во празно и го стави во одлична ситуација за гол, по што Килијан не погреши и ги постави конечните 0:3.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨
لوكاااااااااا لوكاااااااا
تابع الحساب الأساسي – Follow : @MMajeedX – @RM4Arab
#RealMadrid #HalaMadrid #VamosReal #HastaElFinal pic.twitter.com/q23oxRKRN1
— follow @MMajeedx @RM4Arab (@mmtv30049) December 7, 2024
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот