Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маестро Митревски е МВП на колото во ЛШ: Се прашувате зошто? Видеото се кажува

Објавено

на

blank

Голманот на македонската репрезентација и член на Порто, Никола Митревски е прогласен за МВП на колото во Лигата на шампионите.

Митревски беше извонреден на пресметката со ПИК Сегед на која Порто славеше со 25-19, а тој имаше 15 интервенции или севкупно 46.88 проценти на одбранети удари. Една од неговите одбрани беше неверојатна и беше прогласена за најатрактивна во 4. рунда, плус беше избран во дрим тимот заедно со Стојанче Стоилов.

Летечкиот Митревски ја има одбраната на колото во ЛШ, вториот најтрактивен гол е дело на Стоилов (ВИДЕО)

Признанија за Македонците: Стоилов и Митревски во дрим-тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Од ЕХФ немаа дилеми дека тој треба да биде прогласен и за најкорисен играч, па во веста со која Никола беше именуван за најдобар напишаа:

-Никола Митревски е нашиот МВП на четвртото коло. Се прашувате зошто? Видеото се кажува, -порачаа од ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни