Поврзете се со нас

Евролига

Маестро Љуљ одигра како во најдобрите денови на историскиот меч во Евролигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RMBaloncesto

Реал Мадрид врза три победи во низа во Евролигата и сега скорот на „кралевите“ изгледа малку подобро, особено по денешниот триумф извојуван во Берлин.

Шпанскиот великан одигра доминтатно уште од стартот и главната разлика ја направи во првата четвртина, во која видовме и вистински мастерклас на Љуљ кој продолжи и во вториот период.

Легендарниот кошаркар на Реал МАдрид одигра како во најдобрите денови, и тоа на историскиот меч на кој го израмни Кајл Хајнс по бројот на одиграни натпревари во Евролигата.

За Љуљ ова беше 425-ти натпревар во европската елита, а истиот реши да го одбележи со извонреден учинок и пет постигнати тројки.

Четири од нив успеа да ги постигне во низа, а една почна и предвреме да ја слави со своите соиграчи од клупата.

Љуљ го заврши мечот со 20 поени зад своето име, а Реал Мадрид славеше со 69:80.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни