НБА
Маестро Јокиќ диригираше за победа и испорача рекорден број на асистенции (Видео)

Никола Јокиќ не престанува да воодушевува со своите настапи во НБА лигата и се обидува да биде од корист за своите соиграчи на било каков начин, па така рано утрово испорача личен рекорд по бројот на асистенции во победата над Индијана (116:125).
Српскиот центар забележа 19 асистенции на еден натпревар и тоа е рекорд за него во НБА лигата, но исто така станува збор за втор најдобар учинок на еден центар во историјата.
Само Вилт Чембрлен има подобар учинок од 21 асистенција на еден натпревар, што значи дека вакво разигрување од еден центар не се видело од далечната 1968-ма година.
За Јокиќ ова беше 28-ми натпревар во кариерата на кој има испорачано најмалку 15 асистенции, статистика по која е апсолутен рекордер во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Покрај додавањата, Јокиќ против Пејсерси даде и 18 поени, а му недостасуваше само еден скок за нов трипл дабл (9 скокови). Портер постигна еден поен повеќе од Јокиќ, додека најефикасен во редовите на Денвер беше Гордон со 25 поени.
НБА резултати:
Детроит – ЛА Клиперс 106:97
Вашингтон – Бруклин 107:99
Филаделфија – Чикаго 110:142
Индијана – Денвер 116:125
Атланта – Мајами 98:86
Оклахома – Минесота 128:131
Јута – Портланд 112:114
Сакраменто – Шарлот 130:88
-
Формула 114 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства9 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)