Поврзете се со нас

НБА

Маестро Дончиќ режира кошаркарски магии и во лоша НБА вечер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лука Дончиќ имаше скромен втор натпревар во дресот на Лос Анџелес Лејкерс за свои стандарди, особено кога е во прашање шут играта на извонредниот Словенец.

Новата ѕвезда на „езерџиите“ имаше лош процент на шут од поле и не беше најпрецизен, но дури и во лоша НБА вечер за него, се погрижи за две магии кои привлекоа големо внимание.

Маестро Лука на двапати покажа завидна визија со неверојатни додавања кои ги збунија противниците, односно кои ги оставија неговите соиграчи во идеални позиции за три поени.

Движењата на Дончиќ беа одбележани од највлијателните медиуми во Америка, па за многумина помалку важно беше тоа што Лејкерс го претрпе првиот пораз по пауза од шест натпревари.

Дончиќ постигна 16 поени за 23 минути на паркетот, со шут од поле 6 од 13.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни