Лига Европа
Маестро Дибала му пресуди на Порто, цела Италија посакува „бомба“ во осминафиналето (Видео)

Рома успеа да ја мине бараж рундата во Лигата на Европа и се пласираше во осминафиналето на второто по ранг европско натпреварување, откако вечерва се справи со Порто на домашен терен во меч кој не почна баш најдобро за „волчицата“.
По воведните 1:1 од „Драгао“, Порто вечерва прв постигна гол во италијанската престолнина, а „ножичките“ на Саму се покажаа како момент кој посебно го мотивираше Пауло Дибала.
Аргентинецот одигра величествен меч на „Олимпико“ и со два погодоци направи пресврт уште до полувреме, па се чини дека неговиот блесок беше пресуден за да се нокаутира Порто.
Гостите имаа дополнителен проблем по црвениот картон кој го доби Еустакио, по што точка на победата и пласманот во осминафиналето стави Писили со голот за 3:1.
Во судиското продолжение, Порто се погрижи за подостоен пораз од 3:2, но истиот не можеше да спречи елиминација од Лигата на Европа.
Со вкупни 4:3 Рома патува во осминафиналето, а цела Италија посакува да се падне со Лацио, бидејќи градскиот ривал е еден до двата потенцијални ривали на „волчицата“ во оваа фаза (вториот е Атлетик Билбао).
Головите погледнете ги ТУКА
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…