Маестро Барди е номиниран за играч на колото во Примера (ФОТО)

bardi

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди беше творец на победата на Леванте на гостувањето во Мадрид кај Гетафе во рамките на 8. коло во Примера.

Нашиот ас влезе во игра во вториот дел и на свој начин со перфектен погодок од слободен удар го реши овој натпревар. Токму ова беше доволно Барди да се најде во најтесниот круг за играч на колото во најсилниот шпански шампионат заедно со Езикел Гарај од Валенсија, Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад и Пабло Сарабија од Севилја.

ОВДЕ можете и вие да го дадете вашиот глас.

Facebook Коментари