Маестралниот гол на Ангелов ја продлабочи агонијата на Вардар (Видео)

rabotnicki-vardar

Работнички успеа да го победи Вардар по третпат во четврата пресметка која ја одиграа градските ривали оваа сезона, откако ова попладне во мечот кој стартуваше во 15:00 часот победи со минимални 1:0.

Тимот од Дебар Маало ја имаше улогата на гостин на денешниот натпревар, но сепак во пресметките меѓу градските ривали тоа нема никакво значење со оглед на тоа што двобојот се одигра на националната арена „Филип Втори“. Во едно крајно изедначен натпревар, клучниот момент се случи во 56-та минута кога главната разлика ја направи Виктор Ангелов кој со одличен удар го матираше Божиновски.

Работнички на овој начин си ги задржа шансите за пласман во Европа до крајот на сезоната, додека Вардар влегува во сериозна резултатска криза бидејќи ова е трет последователен пораз за шампионот.

Facebook Коментари