Маестралниот Дончиќ МВП на колото во Евролигата (Видео)

luka-doncic-3283289

Екипата на Реал Мадрид успеа да слави на гостувањето кај Фенербахче со 79-77 во дербито на 15. коло во Евролигата, а најголеми заслуги за тоа има мастралниот Лука Дончиќ на кого му беа потребни само уште два скокови за да дојде до трипл-дабл.

Младиот Словенец имаше 20 поени,  10 асистенции, 8 скокови, 2 украдени топки, врз него беа направени 10 фаули за севкупен индек од 37 со што сосема заслужено беше прогласен за МВП на рундата во најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континет.

Потегот на 15. коло пак беше дело на Арон Вајт од Жалгирис.

Facebook Коментари