Маестралниот Димитријевиќ го има вториот најатрактивен потег во Еврокупот (Видео)

neno vlez

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен меч и беше најзаслужен што Хувентуд славеше над Нантер со 79-77 во Еврокупот.

Нено реализираше 23 минути вклучувајќи ги тука и завршните три кога се решеваше победникот, а тој ја презема одговорноста и ја измести одбраната на гостите и погоди под прекршок за ерупција на трибините во Бадалона. Токму таа негова мајсторија се најде меѓу десетте најдобри потези на шестата рунда во Еврокупот, односно пред него е само Сем Декер од Локомотив Кубан со атрактивното забивање против Литвос Ритас.

Facebook Коментари