Маестрален потег на Коларов за победнички старт на Србија (Видео)

kolarov

Српската фудбалска репрезентација со победа над Костарика го отвори својот настап на Светското фудбалско првенство во Русија.

Во првиот меч од групата Е нашиот северен сосед издвојува мининален, но довлен триумф од 1-0 со погодокот на капитенот Александар Коларов во 56 минута. Фудбалерот на италијанска Рома на мајсторски начин од слободен удар ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

Потоа Костарика се обидуваше да го возврати ударот и да израмни, но нивните напади не дадоа плод и Србија дојде до посакуваниот резултат пред пресметките со Бразил и Швајцарија.

Facebook Коментари