Поврзете се со нас

Шпанија

Мадридските медиуми го „поздравија“ Пике за една негова изјава од 2013. година

Објавено

на

Жерард Пике подолго од една деценија е дел од првиот тим на Барселона и составен дел од речиси секое „Ел Класико“ дерби, а токму тој е играчот кој најчесто се труди да дојде до зовревање на страстите кога се во прашање препирките на релацијата Мадрид-Барселона.

Стоперот во безброј наврати ги има објаснувате различните фудбалски перцепции на двата фудбалски великани, но мадридските медиуми сега извадија една негова изјава од 2013-та година и го „поздравија“ со истата поради контекстот што го содржи.

Барселона ова лето потроши над 170 милиони евра за ангажманите на Рафиња, Левандовски и Кунде, а угледните весници „Марка“ и „АС“ потсетија на времето кога Пике велеше дека Барса не е Реал и не може да потроши толку во еден преоден рок.

– Реал Мадрид имаше една сезона без освоена титула и потроши 160 милиони евра на тројца играчи. Илараменди, Иско и Бејл. Барселона едноставно не може да го направи тоа.

– Ние се поразлични од нив, функционираме поинаку, не можеме да се носиме со нив во трошење. Може да донесеме еден играч како Нејмар, но не три или четири. Ние не сме сиромашни, но се натпреваруваме со најбогатиот клуб во светот, – гласи изјавата на Пике која сега посебно ја истакнуваат угледните медиумите од шпанската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни