Поврзете се со нас

Англија

Мадисон посебно цени еден играч на лутиот ривал: Мразам што игра за Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Џејмс Мадисон во опширното интервју за „Амазон прајм“ откри дека не знаел ништо за својот соиграч Викарио пред да направи трансфер во Тотенхем, но говорејќи за играчите кои играат брилијантно во воведниот дел од сезоната во Премиер лигата, „десетката“ на „петлите“ го испофали и Деклан Рајс.

Арсенал плати рекордна сума на пари и ја доби трката со Манчестер Сити за потписот на англискиот репрезентативец, кој со своите настапи полека почна да ги оправдува вложените средства.

Рајс уште еднаш беше херој за „топчиите“ и вчера постигна гол за победа против Лутон во 97-та минута, но она што посебно воодушевува кај Деклан е карактерот кој го покажува на секој натпревар.

Мадисон признава дека би сакал да има таков тип на играч во Тотенхем, а како најлут ривал на „топчиите“, потенцира дека го мрази фактот што Рајс игра за Арсенал.

– Играм со него во Англија и добро го познавам. Тој е на секој дел од теренот, технички и тактички е многу добар. Тој е непогрешлив кога се кратките пасови во прашање, има извонреден квалитет и мора да признаам нешто: Мразам што игра за Арсенал, – потенцира Мадисон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни