Поврзете се со нас

Англија

Мадисон немал слушнато за еден соиграч од Тотенхем: Морав да гледам хајлајтси на јутјуб!

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Џејмс Мадисон извонредно се адаптираше во Тотенхем и се претвори во најдобро летно засилување во Премиер лигата на стартот на новата сезона, но за жал, англискиот репрезентативец мораше да оди на принудна пауза поради повреда.

Тотенхем забележа два порази и едно реми на трите натпревари на кои не играше Мадисон, кој за време на рехабилитацијата реши да одработи едно долго интервју во кое призна дека најмногу бил изненаден од еден нов соиграч.

Пред да направи трансфер од Лестер во Тотенхем, „петлите“ како воведно засилување го претставија голманот Викарио, а Мадисон сега открива дека до летоска никогаш немал слушнато ништо за италијанскиот чувар на мрежата.

– Уште пред јас да потпишам за Тотенхем, клубот веќе го промовираше Викарио. Да бидам искрен, седев и се прашував „кој е овој?“! Никогаш немав слушнато за него.

– Седев во задниот дел на автомобилот и гледав негови хајлајтси на јутјуб. Морам да ви кажам дека сите видеа беа навистина добри. Тој е брилијантен голман, – вели Мадисон во интервјуто за „Амазон прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни