Поврзете се со нас

Англија

Мадисон ја измени победничката прослава за да го „замолкне“ легендарниот Кин (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SpursOfficial

Тотенхем го доби дербито на двата големи тима кои се најголеми разочарувања во Премиер лигата, па со победата од 1:0 успеа да го мине Манчестер Јунајтед на табелата и да го турне на 15-то место.

Погодокот на Џејмс Мадисон беше одлучувачки момент на дербито кое се одигра во Северен Лондон, а фактот што „10-та“ на Тотенхем беше единствен стрелец, направи триумфот да биде уште посладок за „петлите“.

Рој Кин во текот на неделата жестоко го критикуваше англискиот репрезентативец и посочи дека тој не е доволно добар фудбалер за највисока премиерлигашка сцена, па очигледно ова до толку го мотивираше Мадисон, што реши да ја посвети прославата на легендата на Манчестер Јунајтед.

Џејмс ја измени својата препознатлива прослава за да го замолкне Кин, па и по натпреварот призна дека гестикулацијата била наменета за него.

– Имаше многу врева во јавноста во текот на неделата. Луѓето си го кажуваат своето мислење, а јас зборувам на теренот. Мислам дека повеќе луѓе ќе уживаат во тоа што јас го постигнав победничкиот гол, – изјави Мадисон, кој објави и Тик-Ток видео во чест на изјавата на Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни