Поврзете се со нас

Англија

Мадисон и Мопеј се закачија на теренот, па си испратија брутални зборови по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем и Брентфорд одиграа крајно содржаен натпревар во Премиер лигата и понудија голема забава за фудбалските фанови, не само поради петте постигнати гола, туку и поради нервозата и провокациите кои беа присутни на теренот.

„Петлите“ успеаја да направат пресврт во десет минути и на крајот да победат со 3:2, а најзадоволен од таквиот расплет беше Џејмс Мадисон кој мораше да гледа како противникот ја копира неговата прослава и му се потсмева.

Нил Мопеј го прослави водечкиот гол за Брентфорд со „пикадо“ прославата на Мадисон, нешто што евидентно не му се допадна на англискиот репрезентативец.

Сите играчи на Тотенхем ја повторија истата прослава за да му одговорат на Мопеј, а кога играчот на Брентфорд беше повлечен од игра, Мадисон се закачи со него и му подели неколку зборови.

Нивната „војна“ не застана тука, па така ѕвездата на Тотенхем испрати жестока провокација при првото интервју по крајот на мечот, додека Мопеј одговори на социјалните мрежи.

– Кога излегуваше од игра, му кажав дека очигледно не постигнал доволно голови изминатите неколку години за да си има своја прослава, па реши да ја копира мојата. Кратка приказна, но заврши добро за нас, – изјави Мадисон, а Мопеј одговори.

– Малку поранив со таа прослава. Огорчен сум што не обезбедивме победа. Целта е да имам повеќе победи и помалку испаѓања во кариерата од Џејмс Мадисон……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни