Поврзете се со нас

Италија

Мацолени за дербито Јувентус-Интер: Фудбалерите беа преплашени

Објавено

на

Јувентус го победи Интер во дербито, кое беше и последен натпревар пред принудната пауза поради коронавирусот во Серија А, а таа средба во Торино се играше без публика.

Невообичаениот амбиент и ситуација бил непријатен и за фудбалерите, кои иако со големо искуство зад себе, не се навикнати да играат пред празни трибини.

Ова го потврди и судијата Паоло Мацолени, кој беше задолжен за ВАР технологијата на дербито.

– Бев дел од натпреварот како судија во ВАР собата, а иако натпреварот беше убав за гледање, цела ситуација беше многу чудна. Фудбалерите изгледаа преплашено.

– Судењето без публика исто така е многу чудно. Сакам да продолжи првенството, но само кога ќе биде гарантирана безбедноста за сите, – изјавил Мацолени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни