Германија
Мачек откри интересна анегдота за Халанд: Му дојде девојката од Норвешка, а тој…
Станислав Мачек е селектор на репрезентацијата на Словачка до 18 години и како млад фудбалски работник посетува различни тренинг кампови од време на време, а сега во ексклузивното интервју кое го направи за мадридски „АС“, реши да открие една анегдота поврзана за неговиот престој во Салцбург изминатово лето.
Мачек во живо можел да се запознае во фудбалските квалитети на Халанд кој во јануари направи сензационален трансфер во Борусија Дортмунд, но покрај тоа што ги нагласува неговите фантастични физички предиспозиции, открива и колку е посветен за своја возраст.
– Халанд едноставно знае што сака. Ќе ви откријам една анегдота од времето кое го минав во Салцбург изминатово лето. Тој има девојка од Норвешка и таа дојде да го посети. Само неколку дена подоцна, тој се врати сам и рече дека мора да се концентрира само на фудбалот, – открива Мачек и додава.
– Има неверојатна почит кон работата, сите ми го велеа тоа во Салцбург, но и самиот се уверив. Ми кажа дека прави по 1000 стомачни и 300 склекови во текот на еден ден. Тој е модерниот Ибрахимовиќ, со слични квалитети и дури поподвижен, – додава Словакот.
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него