Поврзете се со нас

Италија

Мацари се врати во Серија А, фудбалските фанови прославија со најлудото видео

Објавено

на

Валтер Мацари е вториот стручњак кој си пронајде ангажман во изминатите 24 часа, бидејќи по Игор Тудор кој ја презема Верона, искусниот италијански стручњак брзо се договори со раководството на Калјари.

Вероја и Калјари решира да ги отпуштат Ди Франческо и Семпличи по само три комплетирани рунди во италијанската елита, во која сега одново ќе гледаме двајца повратници.

Тудор одново ќе има самостоен ангажман во Калчото по етапа како асистент на Пирло минатата сезона, додека Мацари и официјално беше потврден од Калјари денеска и неговиот ангажман на големо го слават и искрените љубители на Серија А.

Мацари во своето богато си-ви има водено тимови на Наполи и Интер, па откако беше потврдено неговото враќање во најсилната италијанска лига, посебно вирално стана едно урнебесно видео од неговата претходна етапа во Серија А.

– Серија А не е подготвена за неговата магија…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни