Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мацари: Можевме да го добиеме Реал ако…

Објавено

на

Наполи доживеа пораз од Реал Мадрид иако успеа да постигне два гола на „Сантијаго Бернабеу“.

Калчолигашот водеше во шпанската престолнина (1-0), потоа успеа да одговори откако домаќинот направи пресврт, ама завршницата му припадна на домаќинот кој благодарение на резервистите Паз и Хоселу дојде до триумф и со тоа го задржа 100 процентниот учинок во групата.

Тренерот на наполитанците, Валтер Мацари смета дека можеле да забележат далеку подобар резултат на овој натпревар, да победат ако ги искористеле контра нападите при 2-2.

-Мислам дека тоа беше многу добар настап и кога резултатот беше 2-2, ако бевме подобро со двата-три контра напади што ги имавме, мислам дека можевме да го добиеме. Во тој момент не ризикувавме и се чинеше како Реал Мадрид да паѓа.

-Потоа штом го примивме третиот гол, моравме да тргнеме напред што го остави тимот неурамнотежен. Не менува многу кога губите со 3-2 или 4-2. Имаше некои мали работи што ги забележав за кои ќе разговараме, но генерално беше добар натпревар, -рече Мацари кој не памети што му кажал Карло Анчелоти.

-Анчелоти ми е пријател, тој е многу добар, но кога губам натпревар, мојот ум е заматен при последниот судиски свиреж, па не се ни сеќавам што ми рече, -истакна стратегот на италијанскиот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни