Поврзете се со нас

Англија

Лутон водеше 2:0 за 137 секунди, но не успеа да го собори ПЛ рекордот за најексплозивен старт

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LutonTown

Лутон вчера го шокираше Брајтон со убедлива победа од 4:0, а се чини најголемо влијание на ваквиот исход имаше страшниот старт на домашниот тим.

Дебитантот во Премиер лигата водеше со 1:0 по само 18 секунди, а го зголеми водството веднаш по тргнувањето од центарот, односно официјално за 137 секунди имаше резултат 2:0 за голема еуфорија меѓу фановите.

Вредните статистичари одбележаа дека овој експлозивен старт на Лутон сепак не значи и нов рекорд на англиската фудбалска сцена, бидејќи Лестер и натаму го држи рекордот за најбрзо постигнати два гола од почетокот на еден премиерлигашки натпревар.

Рекордот е поставен во 1998 година, кога Лестер поведе со 2:0 против Дерби со головите на Хески и Изет уште додека траеше втората минута од натпреварот. Со вчерашната промена на вечната листа, на третото место падна Арсенал, кој во 2011 година поведе со 2:0 против Њукасл за 164 секунди и тоа со головите на Волкот и Џуру. Тој натпревар е запаметен и поради фактот што Њукасл се врати од негатива од четири гола и натпреварот заврши со резултат 4:4.

Голот на Адебајо постигнат во 18. секунда колку и да се чини брз, сепак не влегува ниту во Топ 10 најбрзи погодоци во Премиер лигата. Рекордер е Шејн Лонг, кој постигна гол за 7.69 секунди во сезоната 2018/19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни