Поврзете се со нас

Англија

Лутиот Солскјер го обвини Јирген Клоп поради тоа што Јунајтед не добива пенали

Објавено

на

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го обвини Јирген Клоп затоа што неговиот тим не добива пенали во последно време.

Солскјер смета дека Манчестер Јунајтед требало да добие три пенали на последните два натпревари кои ги одигра против Вест Хем, а причината поради тоа ја гледа токму во Клоп кој минатата сезона изјави дека „ѓаволите“ пречесто добиваат пенали.

– Само се надеваме дека ќе го добиеме она што го заслужуваме. Требаше да добиеме три пенали на последните два натпревари.

– Има еден тренер кој беше загрижен минатата сезона затоа што сме добивале многу пенали, и после таа изјава потешко се судат очигледни пенали за нас. Гледам огромна разлика од тогаш. Треба да оставиме на судиите и да се надеваме дека ќе почнат да носат вистински одлуки, -изјави Солскјер.

Клоп пред околу една година се пожали дека Манчестер Јунајтед имал повеќе пенали во две години отколку Ливерпул во пет.

– Слушнав дека Манчестер Јунајтед има повеќе пенали во последните две години отколку ние во последните пет и пол години. Не верувам дека тоа е моја грешка, а не знам ни како се случило тоа, -изјави тогаш Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни