Поврзете се со нас

Лига на нации

Лутиот Де Брујне ги критикуваше соиграчите: Овие работи се неприфатливи…

Објавено

на

foto: x.com/BelRedDevils

Белгија беше надиграна од Франција на вчерашниот меч во Лигата на нации, меч на кој домаќините беа далеку подобри, поконкретни и славеа со 2-0 со погодоците на Коло Муани и Дембеле.

Кевин Де Брујне како капитен и лидер на „црвените ѓаволи“ беше разочаран од изданието на екипата, одредени поединци и се реши да биде отворен, искрен пред пошироката јавност.

-Франција беше подобра, нема што многу да се зборува. Игравме со шестмина во одбрана. Немаше никаква врска меѓу редовите. Моравме да играме подобро во вториот дел. Губевме. Некои играчи не си ја завршија работата. Реков во соблекувалната што треба да поправиме. Играме на највисоко ниво.

-Ако не можете да играте против најдобрите, тогаш не сте доволно добри. Мора да дадете се од себе на теренот, а некои од нашиот тим не го прават тоа. Можам да прифатам дека не сме толку добри како Французите. Ама овие останати работи се неприфатливи. Сега нема да плачам. Имам 33 години и повеќе не го правам тоа, -порача ѕвездата на Манчестер Сити.

Наводно Де Брујне во неколку наврати му порачал на директорот Франк Веркаутерен и дека ќе ја напушти репрезебтацијата, па останува да се види што ќе се случува во следниов период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни