Поврзете се со нас

Формула 1

Лутејќи се на ФИА, Хамилтон му го скрши срцето на малиот навивач (ФОТО)

Објавено

на

 

Луис Хамилтон немаше среќа во завршницата на трката за Големата награда на Абу Даби, кога на пет круга пред крајот поради инцидентот на Николас Латифи, се случија низа настани кои доведоа до тоа тој да биде престигнат во финишот од Ферстапен, иако речиси цела трка ја мина во водство.

Во знак на револт за наводното манипулирање од страна на ФИА, Хамилтон и Тото Волф одлучија да не присуствуваат на гала церемонијата за доделување на шампионските трофеи, иако Мерцедес беше победник во конкуренција на конструкторите.

Таа одлука се одрази и на другите: Кинезот Ли Зу со својата објава на Инстаграм предизвика бура од реакции, па дури и го ревидираше својот пост, во кој наведе дека очекувал да го сретне Луис Хамилтон и да му предаде трофеј, но сега сонот му е неисполнет.

Коментарите се уште не стивнуваат…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Li ZHU (@zack_speed_racing)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни