Поврзете се со нас

Европски првенства

Лупу: Договорено е реми меѓу Словачка и Романија, зошто да ризикуваме?

Објавено

на

Групата Е дефинитивно треба да донесе драма на Европското првенство затоа што во завршната трета рунда сите селекции ќе влезат со по три освоени бода.

Секој си има свои математики, првите две селекции сигурно одат понатаму, а од оваа група лесно во осминафиналето може да заврши и третопласираната. Токму поради ова веќе има и некои игри, калкулации, информации дека Словачка и Романија сигурно ќе одиграа без победник, резултат кој им одговара на двете селекции.

За ова јавно говореше и поранешниот романски репрезентативец, Данут Лапу кој порача дека се е договорено.

-Ќе се квалификуваме понатаму, реми со Словачка. Се е договорено, би било штета ако ние и тие не одиме понатаму. Зошто да ризикуваме? На тоа ниво играчите се согласуваат многу добро. Зошто е потребен ризик? Зошто да дојде до несреќа?, -порача Лапу.

Средбите од завршното коло во групата Е се закажани за в среда од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни