Поврзете се со нас

Шпанија

Лунин нема да биде прв голман во финалето, но нема ни да патува со тимот за Лондон

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота ќе ги одмерат силите на „Вембли“, но пред да дојде време за главните случувања во Лондон, двете екипи ги преземаат сите потребни чекори и сите претпазливи методи за да пристигнат во најдобра можна форма на натпреварот.

Како што се ближи мечот, се појасно станува дека Тибо Куртоа ќе биде прв голман на Реал и покрај тоа што речиси цела сезона беше во аут, но покрај одлуката која ја има донесено Карло Анчелоти, на Андриј Лунин не му оди во прилог и неговата здравствена состојба.

Украинецот е болен веќе неколку дена и пропушти трет тренинг на првиот тим, а за да се запазат сите мерки во обидот да се спречи ширењето на грип, Лунин во моментов нема никаква блиска средба со своите соиграчи.

Да биде уште поинтересно, претпазливоста на Реал оди до таа мера што Лунин нема да биде дел од официјалната експедиција на Реал која ќе отпатува за Лондон, се со цел да се спречи најмала шанса да разболи друг фудбалер.

Планот е Лунин да патува одвоено од тимот и да има самостоен лет до англиската престолнина, а ако се оди според планот, ќе му се приклучи на тимот на денот на одигрување на финалето кога не би требало да има било каква опасност да зарази некој соиграч.

Лунин имаше повеќе од добра сезона и беше херој на Реал во четвртфиналето против Манчестер Сити, но сега ќе мора да се помири со улогата на која беше навикнат во ситуација кога Куртоа беше недопирлив на голот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни