Поврзете се со нас

Шпанија

Лунин ќе примеше гол од центар, Реал Мадрид рутински до осминафиналето во Купот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/realmadrid

Нисколигашот Депортиво Минера не можеше да му се спротивстави на комбинираниот состав на Реал Мадрид, па гигантот без никакви проблеми стигна до убедлива победа (0:5) и пласман во осминафиналето на Копа дел Реј.

Тренерот Карло Анчелоти се реши да ги употреби помладите играчи и фудбалерите кои поретко добиваат шанса, а тие не разочараа, бидејќи на полувреме Реал водеше со 0:3.

Резултатот го отвори Валверде во 5. минута, додека Камавинга и Ѓулер постигнаа по еден гол до паузата.

Модриќ и Ѓулер реализираа по еднаш во второто полувреме за конечни 0:5 и убедлива победа над Депортиво Минера.

Единствениот момент кој предизвика нервоза во редовите на фаворитот беше ситуацијата во која Лунин за малку ќе примеше гол од центар, но успеа да се спаси од незгодна позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни