Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лунин доби директна сугестија од свој соиграч за страната на која ќе шутира Ковачиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Андриј Лунин беше трет голман на Реал Мадрид кога пристигна во шпанската престолнина, но Украинецот ја дочека својата шанса оваа сезона, во која интересно почна како втор и покрај повредата на Тибо Куртоа.

Карло Анчелоти на почетокот повеќе верба имаше во Кепа Аризабалага, но какошто одминуваше сезоната, Лунин дојде до израз со своите перформанси и вчера ја дочека најубавата вечер во својата кариера.

Украинецот беше херој во победата која ја оствари Реал на „Итихад“, односно беше клучен човек во пенал рулетот во кој успеа да одбрани два пенали.

Лунин ги прочита Бернардо Силва и Матео Ковачиќ, но пресудна беше одбраната која ја имаше во соочувањето со хрватскиот фудбалер.

Андриј ги собра сите пофалби за изданието кое го имаше против Манчестер Сити, но едно видео открива дека добил и директна сугестија за тоа на која страна ќе бие Ковачиќ.

Ридигер му беше соииграч на Ковачиќ во Челси, па вчера му помогнал на Андриј да ја избере вистинската стрна при дуелот со Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни