Поврзете се со нас

Европски првенства

Луксембург е решен, Македонија може да се подготвува за ЕП

Објавено

на

Најдобрата македонска ракометна репрезентација издвојува победа над Луксембург од 28-23 во мечот од петтото коло од квалификациите за Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Германија.

Нашиот национален состав важеше за апсолутен фаворит на овој дуел и тоа го потврди на теренот каде го надигра домаќинот и им се врати на позитивните резултати во оваа група по двата порази од Португалија минатиов месец.

Ова беше дуел во кој Луксембург воден од голманот Херман се бореше, држеше во првиот дел во кој ние заминавме на одмор со 14-12. По паузата ние ги нареднивме коцките, селекторот Лазаров ја пронајде посакуваната постава и ја довршивме, одработивме оваа мисија со што сега имаме учинок 3-2, односно останува уште пресметката со Турција во Скопје закажана за 30 април во СЦ “Борис Трајковски” .

Кизиќ имаше десет интервенции, најефикасни беа Талески со осум и Серафимов и Кузмановски со по четири погодоци. Кајсен со десет гола беше прво име кај поразената екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни