Поврзете се со нас

Македонија

Луковиќ со тројка со звукот на сирената го реши Работнички

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на МКК Куманово издвојуваа драматична победа над Работнички од 85:83 во последниот натпревар од денешната програма во Првата лига.

Гостите од Скопје ќе го паметат овој меч затоа што ја имаа победата во свои раце, водеа со 83:80 на 11 секунди до крајот, потоа на три секунди до звукот на сирената не реализираа две слободни фрлања преку Ѓуроски при нивно водство од 83:82 за да потоа стигне казната за нив преку центарот Луковиќ кој погоди луда тројка за голема радост.

Токму Урош беше меѓу најзаслужните за ова славје со дабл-дабл од 20 поени и 15 скока, Радукиќ беше најдобар стрелец со 31 поен на кои додаде 8 скока и 6 асистенции.

Најсветла точка кај Работнички беше бекот Дубински со 21 поен, 4 скока и 7 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни