Поврзете се со нас

Италија

Лукман продаде маестрална футсал-финта и го истури бесот врз Емполи (Видео)

Објавено

на

Адемола Лукман се најде во крајно непријатна позиција по елиминацијата од Клуб Бриж во Лигата на шампиони, сето тоа како последица на понижувачката изјава која ја даде Џан Пјеро Гасперини за својот напаѓач.

Тренерот на Аталанта посочи дека Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали и дека тој не требал да ја изведе најстрогата казна која заврши без гол, па тоа направи Нигериецот да мине низ навистина тензични денови во Бергамо, во кои доби голема поддршка од фановите.

Адемола не се штедеше и брзо посочи дека е повреден од зборовите на својот тренер, за кого денеско имаше одговор на најдобар можен начин на гостувањето кај Емполи.

Аталанта славеше со 0:5 во натпревар во кој блескаше Лукман, фудбалер кој продаде маестрална футсал-финта за да зголеми на 0:3, пред да постигне и втор гол на стартот на вториот дел.

Нигерицеот го истури бесот врз Емполи и покажа дека и натаму прави голема разлика за својот тим, кој со победата од 0:5 дојде на минус два од второпласираниот Наполи.

Покрај Лукман, стрелци на головите беа и Ретеги и Запакоста, додека видовме и еден автогол, оној на Гијаси.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни