Лига на шампиони
Лукман: Немавме среќа, покажавме дека можеме да се носиме со Реал
Аталанта во еден возбудлив и динамичен меч доживеа минимален пораз од Реал Мадрид од 3-2 во Лигата на шампионите.
Калчолигашот и покрај тоа што во еден момент губеше и со 3-1 покажа карактер, не се предаде и на крајот малку фалеше и да дојде до 3-3 ако Ретеги го реализираше зицерот во судиското продолжение.
-Тежок меч, ги искористија шансите кога ги имаа. Знаевме каков натпревар ќе биде, немавме среќа, но имаме кренати глави. Разочарани сме од резултатот бидејќи чувствувавме дека можевме повеќе, но има и гордост. Покажавме дека можеме да се натпреваруваме против тим полн со шампиони. Секако, имаше моменти кога можевме подобро, но верувам дека денеска застанавме наспроти Реал и тоа е важно за нашиот раст, -порача Адемола Лукман кој беше стрелец на вториот гол за домаќините.
-Создадовме шанси, има многу позитиви работи да земеме од настапот, но и многу работи што можеме да ги научиме. Ова е уште еден голем чекор за нас денес, покажавме квалитет во моменти и можеме многу да научиме од денес. Не смееме премногу да се опуштаме, ние сме во Лигата на шампионите, добро работиме во Серија А и мора да продолжиме, -додаде Нигериецот.
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)